Заев: Во европските учебници се избегнува националната обоеност на фашизмот

од Nikola Popovski
414 прегледи

Не може политиката да се меша или да ја смени историјата. Историјата е таа и насекаде е околу нас, вели премиерот Зоран Заев во емисијата „24 анализа“, зборувајќи за остранување на терминот „бугарски“ пред „фашистички окупатор“ во учебниците во историја.

Според него, во 21-век, не треба да се гледа на работите преку именување на нацизмот со етничка боја.

-Ако сакате да градите пријателство и добри односи, треба да постапуваме правилно. Спомениците остануваат обележја на фашизмот и затоа се изградени. Бугарски фашистички окупатор не значи дека го девалвираме фашизмот, односно го омаловажуваме. Тоа е преголемо зло. Непријатно е да се именува целата нација како фашистичка. Во европските учебници, во духот на пријателството, се избегнува националната обоеност на фашизмот, рече Заев.

Слични содржини