Заев во Hard Talk на Би-Би-Си

од desk4
82 прегледи

Македонскиот премиер Зоран Заев кој е на Самит ЕУ-Западен Балкан во Лондон, на својот профил на Фејсбук напиша дека британската медиумска јавност го препознала развојот на настани во Република Македонија, што заслужуваат да бидат вест и внимание.

„Затоа дојде поканата од продуцентите на највлијателната и најгледаната политичка емисија на Би-Би-Си, Hard Talk. Одлично интервју со новинарката Зеинаб Бадави, за време на Самитот за Западен Балкан во Лондон“, напиша Заев.

Интервјуто по емитувањето на телевизија ќе биде достапно онлајн на следниот линк.