Заев: Во моментов не го отвораме Уставот за да ги вклучиме Бугарите како етничка заедница

од Nikola Popovski
331 прегледи

Вклучувањето на Бугарите во Уставот не било никогаш проблем. Нашиот Устав ја препознава разноликоста во етничкиот карактер и тој ги набројува сите, вели премиерот Зоран Заев за наводното вклучување на нашите граѓани кои се декларираат како Бугари во Уставот.

Тој информира дека земјите од регионот кои што пристапуваат, имаат пракса при отворањето на Уставот за членството во ЕУ, да ги додадат и другите етнички заедници освен мнозинството.

-Нашиот Устав е структуиран на тој принцип. Сепак, тоа не значи дека во моментов ќе го отвориме за овие прашања. Ќе биде доволно за Бугарија ако бара таква работа од аспект на преговарачкиот процес, додаде Заев на прес-конференција.

Слични содржини