Заев во Обвинителството: Шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ соучесници на насилниците во нападот во Собрание

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Повеќе од еден час лидерот на СДСМ Зоран Заев се задржа во Обвинителството каде пред надлежниот јавен обвинител даваше исказ за крвавиот четврток и нападот врз него, колегите пратеници и новинарите.

Во изјава за медиумите Заев истакна дека во целиот напад кој бил организиран, биле вклучени и шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од кои еден дел ги отвориле вратите на главниот влез на Собранието, а другите им овозможиле на насилниците да стигнат до прес – центарот.

Како што рече Заев сето ова, но и детали за нападот и пренел на обвинителката и очекува дека професионалните луѓе од Обвинителството ќе препознаат дека нападот бил смислен, а насилствата кои ги сториле инволвираните се тешки кривични дела и обид за убиство.

Во текот на денот се очекува пред Обвинителството како оштетени да се јават и други пратеници од СДСМ.