Заев во разговор со Борисов: Сите сме настанале од Адам и Ева, како тоа само Македонците да се од Бугарите?

од Берта Китинска
345 прегледи

Не чекаме да дојде септември за да разговараме ние и сега разговараме со Бугарија, вели  премиерот Зоран Заев во емисијата „Утрински брифинг“ тој истакна дека проблемот со Бугарија е смешен.

-Тие кажуваат дека ја прифаќаат реалноста за македонскиот идентитет и јазик, но бараат да ги видат корењата, рече Заев.

Заев рече дека во разговор со  поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов му ги објасни апсурдноста на ставот на Софија внесувајќи библиски мотиви.

– Кога сум разговарал со Бојко Борисов и ќе ме праша како го сфаќате вие тоа со корењата јас одговарав: „По науката сите сме настани од мајмуните, а по религијата сите сме од Адам и Ева. И како тоа само Македонците да се од Бугарите или обратно во цел свет?“, изјави Заев.

Слични содржини