Заев: Во тек е исплатата на финансиската помош, средствата може да ги користат без рокови

од Берта Китинска
194 прегледи

Во тек е исплатата на еднократната финансиска помош 6.000 денари за 283.000 граѓани, информираше премиерот Зоран Заев.

-Со оваа мерка истовремено се поддржува целокупната домашна економија, преку стимулирање на личната потрошувачка, а граѓаните средствата може да ги користат во кој било период без рокови и ограничувања, напиша Заев на Фејсбук.