Премиерот Зоран Заев во своето второ обраќање на Виенскиот економски форум посветен на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, соопшти дека во годината во која се соочуваме со корона-кризата, нашата земја има 12 директни странски инвестиции, кои се во фаза на реализација.
„Во моментов имаме 34 капацитети, во сопственост на странски инвеститори од САД, Канада, Кина, Германија, Турција и тие приближно остваруваат приближно 3,4 милиони евра во извоз во 2020, што е еднакво на 47 проценти од вкупниот извоз на С. Македонија“, потенцира премиерот.
Според него, нашата држава е попримамлива за странските инвеститори и општо за сите.
„Овој пристап вклучува и едношалтерски систем, со што ние ја следиме меѓународната пракса, за да се осигураме дека инвеститорите ќе имаат корист. Позитивниот тренд продолжува и во април. Во првите пет месеци од оваа година потпишавме 5 нови договори, за тековни нови инвеститори и вредноста надминува 65 милиони евра во инвестициски обем, а во следните неколку недели очекуваме затворање на најголемиот договор за странски инвестици во историјата на С. Македонија, со вредност поголема од 100 милиони евра“, истакна Заев.