Го унапредуваме студентскиот стандард и условите за студентите. Околу 40.000 студенти од октомври ќе добиваат финансиска поддршка за субвенциониран оброк, информира премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
Според него, финансиската поддршка за субвенционираниот студентски оброк на месечно ниво изнесува 2.400 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на МОН.
-Средствата ќе се уплаќаат директно на трансакциска сметка на студентите кои ги исполнуваат законските услови, а освен во угостителски објекти, ќе можат да ги користат и во маркети. Мерката можат да ја користат користат редовните студенти од државните и приватните универзитети. И во услови на пандемија покажуваме грижа за студентите и креираме мерки и политики кои се во интерес на младите и нивната иднина. Вложувањето во подобри услови за студентите го сметаме за капитално вложување во иднината на државата, објасни Заев.
Оваа новина е предвидена поради пандемијата и евентуалните рестриктивни мерки на есен. Сега мерките се релаксирани и угостителските објекти работат, но не знаме што ќе се случува во наредните месеци кога можеби ќе имаме нови рестриктивни мерките, а токму тогаш студентите ќе ги добиваат средствата. Затоа со законските измени овозможуваме ова право да се оствари независно од пандемијата и оброците да се обезбедуваат и од продавници.
Според пресметките финасиска поддршка се предвидува за околу 40.000 студенти кои ќе го користат ова право, за што, на годишно ниво се обезбедени околу 15 милиони евра.