Премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук профил информира кои услови треба да се исполнат за да се регистрираат возилата со странски регистарски таблички.
-Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки, од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.
Оние кои имаат поднесено барање за регистрација, задолжително треба да ги исполнуваат следните услови:
да ги имаат регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседуваат важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон;
да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.
Со ова, законски создадовме можност за регистрација на возилата кои се со странски таблички, со цел регистрацијата да биде дома, а средства да одат за патишта, за општините, како и за важни фондови за државата, соопшти Заев.