Заев: Време е да го видиме на дело најавуваното мнозинство од опозицијата кое ќе ја падне оваа влада

од Берта Китинска
370 прегледи

Собранието да гласа за доверба на Владата побара попладнево премиерот Зоран Заев од собраниската говорница.

 „Денска одлучив да излезам пред вас и да се повикам на член 93 став 1 од уставот кој што вели Владата има право да постави прашање за доверба пред собранието како и да се повикам на член 217 став 2 од деловникот на работа на собранието кој што вели по предлог во случај кога прашањето за доверба на Владата го поставува претседателот на владата усно на седница на собранието собранието гласа за доверба на Владата на истата седница без расправа, ги користам овој член од уставот и членот од деловникот да побарам од вас пратениците во собранието да гласате за доверба на Владата,рече Заев. 

Тој посочи дека е ред да се расчисти и да се види на дело најавуваното мнозинство од опозицијата кое наводно ќе ја падне оваа влада

„Ред е да се соочиме и да расчистиме, да го видиме на дело тоа толку многу најавувано наводно мнозинство од опозицијата кое наводно ќе ја падне оваа влада, ова е моментот кога ќе им покажеме на граѓаните колку има вистина во зборовите на опозицијата, ова е моментот да видиме за што вслушност станува збор, стабилна власт со стабилно парламентарно мнозинство или разнишана опозиција, мора да е едното од двете ако не и двете заедно, покрај сите обиди за опструкции и блокади од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните секој ден се изложени на лажни вести и дезинформации за некакво ново непостоечко мнозинство, за некоја нова нестабилност и што ли уште не, само поради внатрепартиски цели во ВМРО-ДПМНЕ упорно се пласираат лаги со цел да се да се создаде перцепција на несигурност кај граѓаните, на неизвесност за економијата, сепак како и секогаш вистината е најсилното оружје против лагите, лажните вести и невистините, парламентарното мнозинство, јас, владата и коалицијата нема да дозволиме неизвесност, незигурност, сопки, блокади и опструкции, во име на сето предходно кажано, во име на вистината ја превземам одговорноста и обврската пред граѓаните согласно член 93 став 1 од уставот  и член 217 став 2 од деловникот на собранието да побарам изјаснување на собранието за доверба на владата, изјави Заве.