Заев: Време е за одлука, одиме напред во НАТО и ЕУ

од desk2
88 прегледи

Време е за одлука! Одиме напред во НАТО и ЕУ, напиша премиерот Зоран Заев на неговата официјална „Фејсбук“ страница.

„Со договорот македонскиот идентитет е заштитен. Граѓаните на Македонија влегуваат гордо во НАТО и ЕУ“, напиша Заев на постот на кои се додадени хаштазите #МКвоЕУ #МКвоНАТО #ФактиЗаДоговорот.

На постот е прикачено и видео на кое се прикажани споменикот „Илинден“ во Крушево, Матка, Скопје но и седиштето на НАТО во Брисел.

Постот е дел од кампањата на владата за претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември. Референдумското прашање гласи „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Постот се смета за дел од владината кампања пред одржувањето на референдум на крајот од септември, на кој граѓаните треба да се изјаснат за или против договорот со соседна Грција за компромисно име на земјава.

Со ратификација на договорот се отвора патот на Македонија за полноправно членство во НАТО и почеок на преговорите за зачленување во Европската Унија. Владината кампања содржи и неколку видео-спотови со кои се појаснуваат придобивките од договорот.

Резултатите од неодамнешна анкета покажаа дека малкумина од гласачите ги знаат деталите од договорот со Атина, што позразбира дека почесто се водени од сугестиите што доаѓаат од политичките партии отколку што носат самите заклучоци.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/10156790655152932/