На денешната владина прес конференција по повод 100 дена Влада, премерот Зоран Заев изјави дека и покрај ситуацијата со Ковид-19, обезбедиле фер атмосфера и дека одлуката за нивно одржување била „исправна и единствена можна“.
– Во овие 100 дена бевме тука за граѓаните. Иако поради Ковид, обезбедивме избори во фер атмосфера. Оваа одлука беше исправна и единствена можна. Со ова го комплетиравме системот на здрави институции. Првиот предизвик беше справувањето со Ковид 19. Преку „Ковакс“ механизмот обезбедивме набавка на вакцини. Набавивме и брзи тестови, како и ги дополнивме болничките капацитети. Исто така се подготви и четвртиот сет на економски мерки. Главниот фокусот при ребалансот на буџетот беше инвестиција во човечкиот капитал. 470 милиони евра е вредноста на четвртиот пакет економски мерки. Да посочам и дека обезбедивме плати за последниот квартал. На 283.000 граѓани им се исплаќаат деновиве средства во вредност од 6.000 денари“, посочи Заев.