Заев за Џафери: Зборуваше на албански јазик во Брисел затоа што беше испровоциран од поединци од Бугарија

од Nikola Popovski
358 прегледи

„Талат Џафери спротивно на Уставот се обрати во Европскиот парламент и точно е да се каже дека имаше три сесии, тој на две зборуваше на македонски јазик, а на третата на албански јазик“, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашањето околу обраќањето на спикерот во Брисел.

Според премиерот, Џафери бил испровоциран од некои поединци од Бугарија, кои што секако укажале дека ќе направат „воедно чување на нашите јазици“.

„Ние имаме слични, но различни јазици и меѓународно признати. Нема да побарам одговорност од него. Тој е еден од главните чувари на македонскиот устав“, додава Заев.

Претходно, спикерот Џафери напомена дека Уставот е флексибилен.

„ Не го прекршив Уставот и во иднина, немам предрасуди и го користам во моментот она што ми е најделотворно што ќе ја претставува државата и на оние кои им пренесувам порака од државата“, рече тој во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Наведе дека во Европскиот параламент имаат право да го користат она што го знаат најдобро, а после друго е документите официјални на кои јазици ќе се објават.

Слични содржини