Во моментов пред Српското правосудство нема доставено докази, затоа треба да ги докажеме, рече премиерот Зоран Заев вечерва во емисијата „Само вистина“ во врска со скандалот со тројцата македонски дипломати вклучени во организирање бегство на осомничен или лица од Ерменија за корупција и перење пари.
Според премиерот, додека дипломатот е активен и има дипломатски статус, тој работи и дома и надвор.
-Тие се луѓе кои што работеле за сите власти додека управувале со државата. Разликата што треба да ја сфатиме е дека ние нашите граѓаните туку така не ги даваме затоа што некој ги бара, туку треба да се достават докази. Презумцијата на невиност важи дома, но и меѓународно. Никој никогаш не доставил докази, информира Заев.
Миле Миленкоски, македонски дипломат од македонската мисија во ОБСЕ во Виена, се наоѓа во екстрадициски притвор во Врање, Србија, од 27 август, по налог за апсење издаден од Ерменија.