„Со секој изминат ден, граѓаните на Северна Македонија и на Грција имаат нови поволности од Преспанскиот договор и нови причини зошто овој договор е најдоброто нешто што се случило на Балканот изминативе 20 години“ изјави експремиерот Зоран Заев за грчкиот весник „Efsyn“.
Тој додаде дека денес двете држави и граѓаните во двете држави градат пријателства и добрососедство, за разлика од тоа што се случуваше од 1991 до 2018.
„Бизнисите сега соработуваат повеќе, граѓаните на Северна Македонија и Грција комуницираат, се движат повеќе и соработуваат. Скопје и Атина никогаш не биле поблиску“, рече Заев.
Експремиерот додаде дека Преспанскиот договор за Северна Македонија исто така го донесе и членството во НАТО и верува дека нема политичка сила во двете држави што може да ги наруши добри односи кои започнаа по потпишувањето на договорот.