Заев за името на ФФМ: Не дека нема горчина и кај мене , но не ни требаат нови непријателства

од Берта Китинска
328 прегледи

Сите институции кои не се државни, а примаат пари од државата за нивно претставување надвор, имаат обврска според Преспанскиот договор да се променат, кажа премиерот Зоран Заев во емисијата „Топ тема“ на Телма посочувајќи дека Фудбалската федерација на Македонија треба да го промени името согласно договорот од Преспа.

„Договорот од Преспа е ратификуван и тој е на сила. Сите треба да го почитуваме. Јасна е препораката, треба да се промени името, како и сите други институции кои примаат пари од државата имаат обврска да го сторат тоа“, рече Заев во интервју за Телма.

Според него, Куќата на фудбалот примила пари од Агенцијата за млади и спорт на име на младинските и кадетските категории, па затоа ФФМ мора да ги почитува уставот и законите во државата и да го промени името.

Упате апел, не само фудбалската федерација, туку таквиот пример да го следат и другите федерации во државата.

„Не дека нема горчина и кај мене… Има, ама не ни требаат нови непријателства“, потенцираше Заев.

Слични содржини