Заев за имињата на улиците: Важно е Советот на град Скопје да ги слуша граѓаните

од Nikola Popovski
255 прегледи

„Имињата најчесто доаѓаат по пат на јавен конкурс, излегува листата на имиња и веднаш почнува вкупната дебата“, вели премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во однос на реакциите околу старо-новите имиња на улиците во градот Скопје.

Според него, важно е советот да ги слуша граѓаните.

„Целта ако е добронамерна, граѓаните ќе ја поддржат. Ако намерата е скриена, граѓаните ќе ја откријат. Важно е советот како директно одговорен да постапува како што укажуваат граѓаните“, потенцира Заев.

Градоначалникот Петре Шилегов вчера истакна дека Градот Скопје досега има околу 590 имиња.

„Ние го зголемивме за 570 плус. Значи околу 1150-1160 имиња од кои подоцна се црпат новите имиња. Градот е традиција, имињата на улиците се традиција. Зошто да се брише споменот на хуманоста на Мексико, кога мојата улица со години наназад се вика Мексичка. Не може улица што сите ја знаат како Ленинова наеднаш да стане Аминта Трети, не може улицата што сите ја знаат како Железничка да се вика Јордан Мијалков“, рече Шилегов во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

Слични содржини