Заев за инцидентот со Бислимовски: Тоа е директен напад врз РКЕ

од Nikola Popovski
403 прегледи

И премиерот Зоран Заев го осуди нападот врз првиот човек на регулаторната комисија, Марко Бислимовски.

-Тоа е недозволиво, чин на кривично дело и согласно на тоа МВР ќе преземе се што е потребно. Го осудувам ваквиот настан, затоа што е директен напад врз независно регулаторно тело, кое што е важно за државата, како и сите институции. Се надевам дека лицето брзо ќе биде процесуирано пред правдата, рече Заев.

Во текот на денот и министерот за економија, Крешник Бектеши изјави дека го осуди настанот, при што додаде дека по разговор во Бислимивски, бил информиран дека напаѓачот Аријанит Џафери, му се извинил на директорот на РКЕ.

Слични содржини