284
Многу е значајно кога политичарите пред јавноста ќе дадат збор , тогаш тоа е нивен завет, вели премиерот Зоран Заев откако вчера ДУИ најави дека стануваа зелена партија.
„Драго ми е што најголемата албанска партија ја заокружува етничката агенда и веќе денеска зборува за граѓаните.Доста беше Албанци, Срби, Грци, Власи…ние имаме граѓани во државата и сакам да го поздравам нивниот исчекор“, рече Заев.
Вчера ДУИ соопшти дека Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на конфликтите во С. Македонија во 2001 година, e исполнет, најавувајќи дека неговата партија во иднина ќе се сврти кон екологијата.
„Започнуваме нова политика … политика за еколошка правда и подобрување на квалитетот на животот“, рече Ахмети од Градскиот парк во Скопје.