Заев за Кичеец: Нема никакви протекции, излегол од затворот со потребната медицинска документација

од Берта Китинска
319 прегледи

Јас знам дека сите наши граѓани коишто се на издржување на казна после одреден период од издржувањето на казната имаат право на викенд, на одреден одмор, имаат право секогаш во издржување на казната и на здравствено лекување, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот на Зоран Милески Кичеец .

-Никој немал намера да прави  протекции или да се дава нешто повеќе од она што е вообичаено. Од медиумите за прв пат слушнав дека господинот Зоран Милевски имал право на прекин на казната заради здрвствени потреби. Потоа се информирав кај Директорот на Управата за санкции,рече  премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој ги повика новинарите детално да го истражат случајот за да може сите граѓани да бидат информирани.

Слични содржини