Заев за лажната Грета: Во разговорот јас повеќе од времето молчев, а кога зборував ги застапував државните ставови

од Берта Китинска
310 прегледи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во врска со објавениот разговор со лажната Грета Тумберг вели дека препознал дека станува збор за хибриден напад на телефоните на владата од пранкери, па затоа во разговорот повеќето од времето молчи и ги остава пранкерите да зборуваат.


„Ова беше хибриден напад, успеавме да препознаеме дека станува збор за лажен идентитет. Го информиравме семејството на Грета да знаат, тие и тогаш имаа официјална реакција колку се згрозени од злоупотребата на идентитетите на славни личности. Сето тоа кажува колку овој нов свет може да биде загрозувачки за државите, граѓаните, градовите, поединците и слично. Гледате дека во разговорите јас стојам на нашите државни ставови тогаш кога зборувам официјално и јавно, но она што е важно е што овој обид за манипулација од вакви пранкери беше веќе фатен благодарение на почитување на протоколите што ги воспоставивме после првиот ваков случај што се случи во нашата земја“, изјави Заев.

Слични содржини