Лидерот на СДСМ и на опозицијата Зоран Заев во есклузивно интервју за Локално.мк открива дека имаат план за излез и тоа повеќе варијанти А, Б и Ц… во ниедна варијанта нема откажување од борба до крај и избори на кои ќе бидат победени ВМРО ДПМНЕ и Груевски.
“Се покажа дека никој не може да го сопре граѓанинот кој се одважи преку овие протести да покаже една нова вредност за свесност за општеството, за демократизација и сигурна иднина на Македонија. Нема отстапување од тој пат, одиме до крај”, вели Заев.
„Ќе има и целосно повлекување на аболицијата и нова влада која ќе ги спроведе реформите, како и активна регистрација за чистење на избирачкиот список, фер избори во октомври или почеток на номеври. За оваа наша стратегија имаме поддршка од многу партии од македонскиот и албанскиот политички блок. Имаме поддршка од многу држави и гаранторите на пржинскиот договор.
Тој што бега и што е во целосна паника и страв е Никола Груевски. Тој се обидува да ги блокира тие процеси, и освен што ги забавува и игра на трпението на граѓаните, ништо друго не може да направи и да се спаси.„
Зоран Заев во интервјуто за Локално.мк одговара кои се коалиционерите за идните избори, каде ќе биде Љубе Бошковски, дали избори и за претседател, локални и парламентарни, чии се протестите на Шарената револуција, говори за една изборна единица како изборен модел, за СЈО и сопките и блокадата во работењето, дали Никола Груевски е предвидлив и дали ќе се кандидара за премиер, како до излез на кризата и позициите за радикалзација на протестите.
Целосното интервју тука