Заев за МИА: Сите кои се вплеткани во рекетот да си одговараат, државата функционира

од desk4
124 прегледи

  Ја почитуваме пресумпцијата на невиност, но истовремено сите индиции и докази мораат до крај да се процесуираат за да се докаже невиноста или вината на кој било инволвиран во истрагите, рече денеска премиерот Зоран Заев во интервјуто за МИА давајќи коментар на последните случувања во врска со вчера обелоденетата истрага „Рекет“ во која Бојан Јовановски и Зоран Милевски се осомничени за изнудување пари од бизнисмен за да влијаат да се олесни постапката против него врз одреден јавен обвинител. Случајот се поклопи со ненадејната оставка на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која како што рече, вчера обвинителката Вилма Рускоска не е предмет на истрага, но сепак нејзиниот мобилен телефон бил конфискуван за да се утврди евентуалната комуникација меѓу неа и Бојан Јовановски.

Заев  во интервјуто за МИА вели дека со отворањето на овој случај се демонстрира јасно и недвосмислена борба против организираниот криминал и корупцијата и се враќа довербата во правната држава и во владеењето на правото.

-Законот мора подеднакво да важи за сите без разлика за кој се работи. Во случајот веќе има двајца осомничени, а како што слушнав од медиумите е конфискуван и телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за да утврдат дали постои конекција меѓу неа и првоосомничениот. Поради тоа што се работи за високо позиционирана личност тоа дава мотив за секаков вид политичкки шпекулации.

Според мене, Јавното обвинителство треба да каже дали таа е злоупотребена во целиот овој процес или инволвирана во овој процес. Тоа е коректно да се каже, бидејќи се злупотребуваат секаков вид на аругменти за да некој прави политички конструкции или слично, рече Заев.

Нагласи дека отворањето на овој случај дека земјата има организиран систем којшто си ја врши својата работа.

Тој упати апел до други бизнисмени доколку биле  таргет на рекет да го пријави во ЈО за да може да се добијат сите докази и аргументи што ќе ја даде целата слика.  

Ексклузивното интервју со премиерот Зоран Заев за МИА ќе биде објавено за кратко заедно со видео материјалот од разговорот

Слични содржини