Заев за N1: Канабисот ќе носи 250 милиони евра годишно

од Берта Китинска
237 прегледи

„Немаме се уште легализација и декриминализација на канабисот, но отворивме јавна дебата за тоа. Кај нас се работи медикал канабис, односно канабис за медицинска употреба. Имаме издадено 60 лиценци, тоа значи 60 компании веќе произведуваат канабис за медицински потреби и помал дел се извезува. Нам ни е целта да имаме европски сертификати и целото производство што се произведува, покрај за домашни потреби во медицината, да оди и во светот. Светот се повеќе и повеќе го користи медицинскиот канабис и тоа за болести кои се секојдневние. Имаме еклатантни експертски, медицински примери, како се лечи мултиплекс склероза, како се помага во епилепсијата, во паркинсовата болест, во ХИВ, во психолошки растројства… Употребата во светот е се повеќе на позитивната листа на лекови, во Канада, Чешка и држави од САД остваруваат вкупен приход поголем од 55 милијарди долари годишно само од медицински канабис, а во некои земји е и легализиран канабисот.“- ги објасни медицинските придобивки, премиерот Зоран Заев, во интервјуто за српската телевизија Н1, истакнувајќи дека Северна Македонија е лидер во регионот во производство на медицински канабис.

Продолжи да ги анализира и економските придобивки од легализацијата на марихуаната која би го полнела државниот буџет.

„Ако се донесе законот кој е во Собрание во моментот ние очекуваме годишно да имаме продукција поголема до 250 милиони евра тоа е 2,5% од БДП на С.Македонија. Но, ја отворивме дебатата и за декриминализација прво, а после и за легализација, го следиме граѓанскиот сектор, гласноста на граѓаните и податоците во светот. Тие податоци покажуваат дека во Колорадо или во Калифорнија 38% е намален насилниот криминал, за повеќе од 20% е намалена употребата на тешки дроги, преку декриминилазација и легализација на канабисот комплетно. Јас го гледам како економски потенцијал дополнително за С.Македонија затоа што и ние со Србија немаме море, ги имаме нашите Охридско, Преспанско и Дојранско езеро за развој на туризмот и затоа ја отворивме оваа дебата.“- посочи Заев.

Слични содржини