Заев за нападите во Собранието: Режим – никогаш повеќе!

од Берта Китинска
217 прегледи

Пред осум години на денешен ден пратениците во Собранието беа нападнати, по тој повод премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук се осврна на настаните и напиша дека такво нешто никогаш не треба да се повтори.

-Слободата и демократијата немаат цена.Пред осум години, на денешен ден беше нападната македонската демократија, пратениците и Собранието под удар на режимската репресија.

24 декември, црниот понеделник е паметник за вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ.Таквиот однос кулминираше години подицна, на 27 април, со насилниот упад во законодавниот дом и обидот за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Денеска, осум години подоцна многу работи се променети во нашата татковина.Собранието денеска е дом каде царува дебатата, а не насилството.Ја живееме слободата.Новинарите слободно и независно известуваат, пратениците слободно работат, без стрв од упади и насилни исфралања. Редот, правдата и дисциплината се нови вредности.

Денес, кога живееме во слобода, во демократија и еднаквост испраќаме порака, датумите како 24 декември да останат врежани во колективната свест, за да потсетуваат на погрешното. Никогаш да не се заборави црниот понеделник и да не се повтори. Режим – никогаш повеќе!, напиша Заев.

Слични содржини