Заев за нацрт-концепцијата: Реформите во образованието требаше да се случат уште пред 10 години

340 прегледи

Премиерот, Зоран Заев во рамки на денешното обраќање на јавната расправа за нацрт-концепцијата за основно образование, посочи дека целта на реформата е да го осовремениме нашето образование со нов модел на наставата кој е инспириран од образовните системи на развиени земји во Европа и светот, но имајќи предвид нашите автентични општествено-економски состојби и заедно со светските искуства да создадеме национален, македонски модел на основното образование.

„Овие денови се слушаат гласови дека брзаме со образовната реформа. Моето мислење е спротивно – ние доцниме со реформите во образованието. Тие требаше да се случат пред десетина години зашто како неопходност ги наметнуваше исклучително брзиот развој во сите општествени сфери кои бараат образование во чекор со динамичните и прогресивните промени. Кога велам доцниме, истовремено велам дека и нема да избрзаме. Ќе работиме на тоа да дизајнираме најсоодветна образовна реформа, која е во најдобар интерес за децата. Со таков иновативен и применлив образовен модел, да му овозможиме на секое дете преку образованието да го постигне својот максимален потенцијал. Затоа, првпат во последната деценија во нашата држава, се прават реформи на транспарентен начин и вклученост на сите страни, а во најдобар интерес на учениците“, истакна Заев.

Меѓудругото, тој вели дека со помош на презентација на оваа концепција ќе биде јасно ставен до знаење дека со предметот Општествени наука, нема да се укине предметот, историја. Исто така, како што посочи, Заев, не се предвидува ниту намалување на наставници по Историја, Географија и Граѓанско образование, туку продолжуваат, рече, заедно да ја планираат наставата со цел учениците да добијат најдобро можно знаење на најефикасен начин.

Додаде дека концепцијата им овозможува и кариерен развој на наставниците и дека се темели на анализа од експерти и меѓународни институции и дека е дел од Стратегијата за образование 2017-2025 и е предвидена со Законот за основно образование донесен минатата година.

Слични содржини