207
Премиерот Зоран Заев ги осуди случувањата во зградата на Македонскиот народен театар, каде навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб „Шкупи“ прослави 30 годишен јубилеј.
За наводите во медиумите дека имало оштетувања, Заев рече дека иако и неговата партија била против градбите, тие сепак се државна сопственост.
„Секој акт на насилство е за осудување. Јас бев на првиот дел од случувањето, вториот дел беше за коктел, за млади. И ние како СДСМ бевме против тие градби, но веќе се државна сопственост, треба да ги чуваме”, рече премиерот.
А.Т.
Фото: Борче Поповски