Јасен сум со моите изјави дефинитивно потврдувам дека сум борец човек и апелирам на борба го исправив нашиот народ со сите детлани информации кои треба да ги знае што му се опциите при изборот и секако јас сум тука да се борам и ќе се борам , но ни треба поддршка од народот затоа што локланите самоуправи и Градот Скопје се многу важни за управување за секојдневниот живот на граѓаните.Мојата порака е Борба, кажа премиерот Зоран Заев во врска со тоа дали ќе си поднесе оставка доколку кандидатот на СДСМ не победи во Скопје.
Премиерот и претседател на СДСМ, вчера повтори дека доколку кандидатот на СДСМ во Скопје, актуелниот градоначалник Петре Шилегов, изгуби на локалните избори, тој „не може да ја води Владата“.
Според Заев, локалната власт во тој случај ќе прави опструкции на владините политиките. Лидерот на СДСМ појаснува дека тоа не значи дека ќе се распишат и предвремени парламентарни избори.