Политика која гради пријателства или политика на национализам и политика на кавги која носи конфронтација со соседите и целиот свет и младите да заминуваат надвор. – ова се двете опции кои ги спомена премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во „24Отворено“ на 24Вести.
-Видовме каква реторика има нашиот опонент. Граѓаните мора да знаат по кој пат сакаат да продолжат. Ние ќе работиме да дадеме уште повеќе аргументи и да донесеме уште повеќе европски вредности дома што ќе биде аргумент плус за дебатата во ЕУ. – рече Заев.
-Случајот Рекет е практична имплементација на реформата во правосудството, секој е еднаков пред законот. Европа го препознава тоа. Јас го пријавив случајот каде за три месеци почна и заврши истрага. Ги предизвикувам судиите и обвинителставатада донесат пресуди за случаите кои стојат. – појасни Заев за случајот Рекет.