319
Премиерот Зоран Заев денес изјави дека не постои игнорирање на понудата од руската амбасада во Македонија за набавка на руската вакцина.
„Секогаш со достојна почит постапуваме кон сите добронамерни понуди. Неколку пати се имам сретнато со амбасадорот, исто така и министерот Филипче се сретна со него. Се работи за одговорност. Ако имате предвид дека сте ставиле потпис во Ковакс системот и сте авансирале 20 посто, ако имате договор со Кина за нивните вакцини и имате договор за донација од соседите, тогаш можете да дојдете до состојба да имате 3 милиони вакцини, а 2 милиони ви се потребни. Кога влегувате во прифаќање на понуда, ставате потпис, а тогаш значи дека мора да ги искалкулираме сите количини“, рече Заев.