Заев за шестиот пакет мерки: Буџетот е финансиски стабилен, државата им помага на сите

од Nikola Popovski
390 прегледи

„Буџетот е финансиски ликвиден и стабилен, а државата постои за да помогне. Имаме 18 милиони евра за издатоци за угостителските објекти“, соопшти денес премиерот Зоран Заев, коментирајќи дали државата е финансиски подготвена за шестиот пакет мерки на Владата.

За угостителите се предвидени 30 проценти за неработењето, но даваме и минимална плата од 15.000 денари за нивните вработени, додава премиерот.

„Приходите редовно се наплаќаат и се зголемени. Државата ја извршува својата функција“, рече Заев, дополнувајќи дека е задоволен од почитувањето на рестриктивните мерки, што се преку намалениот број на заразени во изминатиот период.

„Мерки даваат ефект, но не доволен, затоа мораме да ги почитуваме да крај и да ги дочекаме верските празници во добра и семејна атмосфера“, потенцира премиерот.

Во шестиот пакет економски мерки, предвидени се 9,9 милиони евра за финансиска поддршка на околу 6.000 угостители кои вработуваат 17.000 граѓани, посочува премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук.

На сите угостителите ќе им бидат покриени 30 проценти од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени. Дополнително, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 06.04.2021 година.

Слични содржини