На денешниот отчет за 100 дена, на новинарско прашање какви документи предава специјалниот претставник на земјава за спорот со Бугарија, Владо Бучковски на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, премиерот на земјава, Зоран Заев изјави дека тоа се размена на идеи, кои ќе не доближат да се решат пречките во преговорите со нашиот сосед.
„Објавивме уште тогаш. Тоа се размена на идеи, кои ќе не доближат да се решат пречките во преговорите со Бугарија. Тука е акциониот план, со цел да се оддржи до крајот на годината Меѓувладината конференција. За побрза имплементација на Договорот. Верувам дека ќе бидат разрешени овие препреки“, изјави Заев.
На прашањето дали следи ревизија на Договорот за добрососедство, откако Борисов побарал од Бучковски да му пренесе две теми „од кои се исплашиле“ – прво суверенитетот на Бугарија, а потоа и малцинството, Заев посочи дека разговорите треба да продолжат и час поскоро да се ваквите недоразбирања
„Ова прашање со малцинството беше отворено во Европскиот парламент, што изразува загриженост за мешање, што не е точно. Тоа е меѓународно уредено и затоа многу често не можеме да ја сфатиме содржината. Ниту сме се мешале, ниту ќе се мешаме за работи на граѓаните од туѓа држава. Разговорите мораат да продолжат и час поскоро ваквите недоразбирања треба да се надминат. Немаме територијални претенезии и тоа го потврдуваме. Па по НАТО, одлучивме Бугарија да биде заштитник на нашето небо“, додаде Заев.
А.В.