Злосторството против човештвото врз цивилното население во Сребреница во 1995 година, засекогаш ќе остане во меморијата за ужасите на војната и на екстремните форми на национализам кои слободниот и демократски свет секогаш ќе ги осудува, објави премиерот Зоран Заев.
Тој додава дека бошњачкиот народ и светот денеска, на 26 годишнината од еден од најтрагичните настани во поновата историја на човештвото, се сеќаваат на овој голем пораз на цивилизациските вредности и ги споменуваат илјадниците невини жртви.
-Сочувствуваме со болката на семејствата на жртвите на Сребреница и жалиме за сите жртви коишто ги загубија своите животи во војната во Босна и Херцеговина. Северна Македонија, како дел од семејството европски народи, се придружи кон апелот во Резолуцијата на Европскиот Парламент од 15 јануари 2009 година која вели – „ваквите ужасни злосторства никогаш да не се повторат и 11 јули да се прогласи за Ден за комеморација и за најсилна осуда геноцидот во Сребреница“, стои во статусот на Заев на социјалните мрежи.