288
Премиерот Зоран Заев на прашањето дали може да гарантира дека поскапувањето на електричната енергија нема да се случи тој изјави дека не зависи се од него.
-Не можам да гарантирам зошто Мицкоски може да блокира одредени закони повторно во Собранието. Сите работи не зависат од мене, но дефинитивно агендата е устроена и државата има стратегија за меко спуштање на цените на либерализација на пазарот. Ние како земја треба да направиме се да не дојде до покачување на цената. ДДВ-то од 18 на 5 проценти на сметките за потрошената електрична енергија од први јули, рече Заеводговарајќи на новинарско прашање по повод доделување на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ-програмата.