Заев за згрижувањето на Авганистанците: И еден човек да спасисме, мислам дека го спасуваме светот

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев денеска нагласи дека вкупно 74.000 денари ќе ја чини државата згрижувањето на Авганистанците, но не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава зашто бројката постојано се менува

– 74.000 денари најверојатно, затоа што сместувањето на луѓето, исхраната, се што треба за таквите луѓе, кои што верувам дека овие денови ќе стигнат. Верувам дека ќе стигнат граѓани кои се миротворци и активисти за човекови права, жени, деца луѓе кои влијаеле на демократијата и асистенти и на нашата армија.

Тој кажа дека владата се определила за поголема бројка затоа што имаме големо срце и живееме во регион кој трпел конфликти.

-Се работи за прашањето дали сме луѓе или не, да подадеме рака. И еден човек да спасисме, мислам дека го спасуваме светот. Ние се јавивме и се понудивме заедно со стратешките партерни да го споделиме тоа што значи одговорност, принципи и вредност.Ние се јавивме и ние се понудивме, рече денеска Заев.

Слични содржини