Заев: Заедничката историја, ако ја правиме повеќе македонска, или повеќе бугарска, може да биде јаболко на раздор

од Vladimir Zorba
389 прегледи

Историјата да ја оставиме на историчарите. Mожеме да ја искористиме историјата на позитивен начин. Таа нѐ сплотува, нѐ спојува и низ нејзе можеме да градиме мостови на соработка и уште поголемо братство. Таа заедничка историја, ако ја правиме повеќе македонска, или повеќе бугарска, може да биде јаболко на раздор и да прави конфликти, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле на македонски јазик.

Заев сподели видео сегмент од интервјуто во кој нагласува дека историјата не е работа на политичарите.

-Имаме прекрасен Договор во кој полагам огромни надежи. Верувам дека можеме призмата на паметниот, европскиот пристап да ја искористиме позитивно, напоменува Заев.