Борбата со загадениот воздух не е реалити шоу, сите треба да се откажеме од навики за резултати порача Шилегов

По неколкуденвното екстремно загадување во Скопје, градоначалникот Петре Шилегов изјави дека надлежните служби превземаат краткорочни мерки, нo и прават анализи за системско решение на проблемот.

Шилегов рече и дека се вршат инспекциски контроли кои им пишуваат казни на несовесните граѓани и фирми кои го загадуваат воздухот, проблем кој не е решаван со години и за кој треба посветеност од сите.

Додека градоначалникот ја даваше изјавата, измерената загаденост со ПМ честички во центарот на Скопје беше 6 пати поголема од дозволените 50 микрограми на кубен метар.

-Сите треба да се откажеме од навики за посупешна борба, ова бреме не е реалити шоу и не може да се изведе со филмска брзина, рече скопскиот градоначалник.

Загадувањето и синоќа беше на високо ниво во сите скопски општини. Стандардно најзагадена е населбата Лисиче каде што мерната станица покажува 482 микрограми пм10 честички на метар кубен, загадено е и во Карпош со 460 микрограми пм10 честички на метар кубен, Ректорат со 420 микрограми.

Следуваат Центар, Гази Баба, Куманово…