Според најновите истражувања спроведени во Кина, загаденоста на воздухот најмногу влијае на пострите мажи, а постојаната изложеност на загадување може да биде поврзана со когнитивните способности.

Американски и кинески истражувачи четири години следеле 20.000 луѓе од двата пола, а најмладите имале 10 години. Научниците веруваат дека штетното влијание расте со годините на староста.
Резултатите од истражувањето се важни за целиот свет – 80 отсто од светската популација дише воздух со висок процент на штетни материи.