Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево.
„Во сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила: џип ’мерцедес‘, патничко возило БМВ и камионет. Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, пренесени се во гостиварската Општа болница ’Ферид Мурад‘ за укажување лекарска помош“, велат од МВР.
Патот Гостивар-Кичево е затворен за сообраќај во двете насоки.