Загина возач кој излетал од пат на југот од Македонија

од Nikola Popovski
51 прегледи

На 30.07.2025 во ОВР Гевгелија било пријавено дека околу 16.00 часот на обиколница Богданци, патничко возило „рено клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, управувано од Љ.С.(66) од Богданци, излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал Љ.С., а лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.