
Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, денеска најави дека ќе предложи плоштадот Маршал Тито да се преименува во Плоштад на Република Хрватска и дека предлогот ќе го достави до Одборот за преименување.
“Мојот предлог за преименување на плоштадот до Одборот за премиенување ќе биде доставен на првата седница на Собранието и тој ќе се нарекува плоштад на Република Хрватска”, рече Бандиќ на прес-конференција, пишува Вечерњи лист.