Загреб и Тирана го предупредуваат НАТО за заканата на Србија

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Писмото на Хрватска и Албанија е упатено до Генералниот секретар на Унијата Јенс Столтенберг.

Членките на НАТО Хрватска и Албанија испратија писмо до Алијансата, во кое изразуваат загриженост околу тоа дека Србија е закана по  безбедноста на Косово, како и онаа на територијата на Балканот. Во заедничкиот текст до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг министрите за одбрана на двете држави го  “нагласуваат срамот од неодамнешните настани кои можат да влијаат на безбедноста на Косово, но исто така и на безбедноста во поширокиот (регионален) контекст”, изјавија од хрватското Министерство за одбрана.

Албанскиот министер за одбрана Мими Кодели и нејзиниот хрватски колега Дамир Крстичевич се обратиле кон НАТО со барање да “обрнат внимание на одржувањето на косовската безбедност”. Претставник на НАТО од Брисел изјави за АФП дека Столтенберг  го добил писмото, додавајќи дека Алијансата “останува посветена на безбедноста и стабилноста на Косово”. “(НАТО сили во Косово) КФОР ќе продолжиат со својата мисија да задржуваат сигурна и безбедна средина и да обезбедат слободно движење колку долго и да е потребно”, посочи уште претставникот.

Во последните недели односите меѓу Косово и Србија, кои не се членки на НАТО, ескалираа повторно, достигнувајќи до едни од најниските нивоа од почетокот на дијалогот меѓу нив во 2011 година Минатиот месец Белград испрати кон Косово воз, обоен со боите на српското знаме, на кој пишува “Косово е Србија”. Тој не беше примен на косовска територија, а од Приштина  тој чин го определија  како жестока провокација. РАзмената на заканаоте се движеше до тоа дека возот ќе биде миниран ако влезе на територијата на Косово , на што Белгтад вопзврати дека ќе влезе со војска ако бидат загрозени Србите на Косово./ АФП