Загрижувачка фотографија: Сопственик си го врзал кучето за автомобил

од Nikola Popovski
328 прегледи

Здружението за заштита на животните „Шепи 2021“ објави загрижувачка фотографија од куче врзано за задниот дел од автомобил и упати апел веднаш да биде ослободено. Оттаму велат дека фотографијата ја добиле од група граѓани.

-Што им одговоривме на пораката?! Дека 70 % од кучињата во Македонија се осудени на ваков живот!Ќе има ли подобри денови за животните?! Ќе има кога ќе почнат да функционираат законите и кога инспекторите ќе почнат да ја работат работата за која всушност се платени, ете тогаш, а се дотогаш ние ќе бидеме гласот на животните, кој тие го немааат! СПОДЕЛЕТЕ, можеби некој сопственик ќе се препознае, стои во објавата на „Шепи 2021“.

Слични содржини