Загрижувачки: Вака реагираат младите доколку им го одземете телефонот

428 прегледи

55355801 – beautiful young mom and her little daughter are using a smartphone and smiling while sitting on sofa at home

Скоро една четвртина од младите токолку многу се потпира на паметните телефони, што тоа се претвора во зависност, сугерира психијатриското истражување кое го пренесува BBC.

Истражувањето кое го спроведе лондонскиот Кингс Колеџ покажува дека таквото зависничко однесување значи дека луѓето се во паника кога ќе им го скратите пристапот до уредите и дека младите не можат да го контролираат времето кое го поминуваат на уредите.

Истражувањето предупредува дека таквите зависности имаат „сериозни последици“ врз менталното здравје. Во рамките на истражувањето биле анализирани 41 студија кои опфатиле 42.000 млади лица.

Однесување кое е еднакво на зависност

Според студиите кај 23% од испитаниците било воочено однесување кое одговара на зависност – како тешкотии поради тоа што немаат пристап до уредите или неможноста за контролирање на времето поминато на уредите и нивно користење во толкава мера, што станува погубно по другите активности.

Таквото зависничко однесување би можело да биде поврзано со другите проблеми како стресот, депресивното расположение, недостаток на сон или ограничени достигнувања во училиштето, се наведува во студијата.

„Паметните телефони нема да исчезнат и постои потреба да се разберат размерите на проблематичното користење на тие уреди“, рекол еден од авторите на истражувањето, Никола Калк, од Институтот за психијатрија, психологија на Кингс Колеџот.

Влијанието на мобилниот не е едносмерна улица

„Не знаеме дали паметните телефони сами по себе може да створат зависност или тоа го создаваат апликациите кои ги користат луѓето“, рекол Калк.

„Во секој случај потребно е јавноста да се освести за проблемот со паметните телефони кај младите и децата, а родителите би требало да бидат свесни колку време нивните деца поминуваат на тие уреди“.

Коавторката Саманта Сон предупредила дека зависноста може да има сериозни последици врз менталното здравје и секојдневното функционирање па затоа постои потреба од понатамошно истражување на проблематичното користење на мобилните телефони.

Ејми Орбен, научничка од универзитетот Кембриџ, предупредува дека не треба да се претпостави дека постои причинско-последична врска меѓу проблематичното користење на мобилниот и здравствените исходи како депресијата.

„Порано се покажало дека влијанието меѓу мобилниот не е едносмерна улица и дека расположението може да влијае на тоа колку време се поминува со телефонот“ рекла д-р. Орбен.

Слични содржини