Речиси шестгодишниот престој на Џулијан Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон е загрозен, што отвора пат на британските власти да го уапсат основачот на Викиликс и евентуално да го испорачаат на САД, соопштено е од повеќе извори за CNN.

Иако Асанж и порано тврдеше дека неговата положба во амбасадата е загрозена, извори тврдат дека моменталната ситуација е невообичаено лоша и дека тој може да ја напушти амбасадата секој ден, затоа што ќе биде присилен да го направи тоа или ќе се чувствува толку ограничен што сам може да се одлучи на тој чекор.
Ако тој замине од амбадата може да се отвори нова фаза за американските истражители, нестрпливи да слушнат што знае тој.
CNN јави дека од април лани САД се подготвуваат за тужба и да бараат апсење на Асанж, за кој американските разузнавачки агенции веруваат дека им служел на интересите на Русија кога ги објавил хакираните мејлови на Хилари Клинтон за време на претседателскит еизбори во 2016 година.
Асанж и неговите адвокати тврдат дека тој е во куќен притвор без подигнато обвинение 2.720 дена и дека е изолиран од посетители и од надворешна комуникација, како и дека нема ни еден доказ дека тој направил што и да е од она што етаблираните медиуми го прават секој ден објавувајќи јавни материјали, се наведува во твитот на неговите адвокати од 19 мај.
Новоизбраниот еквадорски претседател Ленин Морено е под зајакнат притисок од САД да го протера Асанж, тврдат извори. Морено во ТВ интервју го опиша Асанж како наследен проблем и повеќе од незгоден.