„Бугарија ја поддржува рамката за преговори за пристапување на Албанија во Европската Унија, но не и на С. Македонија. Предложениот проект не може да ги исполни бугарските барања“, изјавила на брифинг министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, пренесува БГНЕС.
Министерката Захариева посочила дека не е постигнат опиплив напредок во спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство, што двете земји го потпишале пред 3 години на 1 август 2017 година. Таа повторила дека бугарската влада е отворена за разговори и ги повикала македонските власти да се стремат да ги исполнуваат условите наместо да го трошат своето време во антибугарски кампањи.
„Подготвени сме да ги продолжиме преговорите кога другата страна е подготвена за компромис. Еден од главните услови за земјите кандидати за членство во ЕУ е да немаат отворени прашања со соседите, бидејќи со ја ослабуваат ЕУ. Ако има нерешени прашања, тоа не може да ја направи ЕУ посилна“, додала Захариева.