Захариева и Димитров го финализираат Договорот за добрососедство со Македонија

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Секој кој ќе го опструира потпишувањето е под влијание на Москва.

Екатерина Захариева вчера изјави дека националниот интерес на Бугарија бара подобрување на односите со Македонија

Министрите за надворешни работи на Бугарија и Македонија – Екатерина Захариева и Никола Димитров викендов ќе ги финализираат сите детали околу Договорот за добрососедство . Двајцата дипломати ќе разговараат денеска и утре (8 и 9-ти јули) во Софија.

Локално.мк  потсетува дека вчера премиерот Бојко Борисов рече дека Бугарија ќе и помогне на Македонија да влезе во НАТО. Договорот за добрососедство, кој очекуваме да го потпишеме во август, е многу важен, смета Борисов. “Треба како на најблизок сосед и народ да ги оставиме историчарите да се расправаат, но поголемата тема е Македонија во НАТО и ЕУ, смета премиерот.

Подобро ли е за Бугарија една наплив  од немири  на нашата граница?

Договорот за добрососедство треба да помине и ако него не можеме да го потпишеме, за што друго да зборуваме “, запраша премиерот.

Тој забележа на  влијанието   на Србија, на Грција, на САД, Русија, итн , Но “мислам дека интересот на Бугарија е да помогнеме Македонија да влезе во Северноатлантскиот пакт”, истакна Борисов.

Министерот за надворешни работи Екатерина Захариева вчера изјави дека националниот интерес на Бугарија бара подобрување на односите со Македонија. Ако сега кај оваа добронамерност од страна на Македонија, не го потпишеме договорот за добрососедство, кога ќе го потпишеме, истакна таа.

Според Захариева многу е  важно конкретното потпишување на договорот за добрососедство, бидејќи е знак дали навистина Македонија ќе го промени својот став.

“Се случија  многу  работи од нивна страна – како прекин на дејствија од страна на институциите , па навредлива репутацијата на Бугарија во меѓународни институции. Ако сега кај оваа добронамерност од страна на Македонија, не  го потпишеме овој договор, кога ќе го потпишеме, посочи министерот за надворешни работи.

Експертите за договорот 

Во отсуство на конкретни детали шпекулациите во јавноста во Скопје и Софија предизвикуваат доза на недоверба, коментираат дел од аналитичарите. Сепак, потегот на Македонија да ги подбори добоседските односи и да се обиде да реши отворени прашања се оценува како позитивен исчекор.

„Тоа е добро и за двата народи и за етничките заедници кај нас и за бугарскиот народ и политичари, еднаш засекогаш да се надминат овие прашања и фрустрации. Сите оние иконографски симболи да се третираат заеднички и конечно да се помагаме во евроатланските интеграции“, изјави Нано Ружин.
За дел од поранешните дипломати – се гази на тенка линија.
„Меѓу Македонија и Бугарија има сериозни отворени прашања, има бугарски историски синдроми кои дефакто игнорираат дека постои македонската нација“, изјави Ристо Никовски.
Опозицијата во земјава го критикува премиерот Зоран Заев, барајќи да објасни што конкретно договорил во Софија. Остри критики за содржината на договорот има и во Бугарија, обвинувања од тамошната опозиција беа упатени и на адреса на премиерот Бојко Борисов.

Поранешниот шеф на државата Плевнелиев во интревју за бугарската национална телевзиија вели дека во Макеоднија се води иделогија на манипулирање на историјата, но сепак според него врвен проритет на Балканот е мирот и европската перспектива.
„За мене нема повисок интерес од тоа да има мир на Балканот, бидејќи тоа е наш заеднички дом. За да има мир на Балканот, Бугарија треба да покаже европски пристап, бидејќи европскиот проект е сојуз за мир, бидејќи европскиот пристап е базиран на вредности за мир, граѓански права и слободи.“ – изјави Росен Плевнелиев – поранешен претседател на Бугарија.
Тој смета дека секој кој ќе го опструира потпишувањето е под влијание на Москва.
Потпишувањето е  најавено за идниот месец на 2 август најверојатно во препладневните часови за време на чествувањето на Илинден. Веднаш потоа нашата делегација заминува во Црна Гора на самитот на Јадранската повелба каде Македонија како кодомаќин ќе го пречека американскиот потпретседател Мајк Пенс.