Захариева: Не може да немаме железничка линија со С. Македонија, време е сите да бидеме пријатели

од Nikola Popovski
444 прегледи

„Мора да се надминат недоразбирањата со С Македонија и не е во ред во 21. век да се победува на избори со кампања против соседни земји“, изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева во денешното интервју за 24 Часа.

Според неа, немаме друг избор и мораме да го пребродиме ова.

„Ние секогаш ги поддржувавме дури и во најтешките моменти, ќе продолжиме и сега така да правиме. Не сакав толку многу да се водат преговорите пред медиумите, што доведе до тешка реторика, затоа што тогаш е тешко да се пткажеш од изговорените зборови. Ова не може да продолжи така“, вели таа.

Според неа, во основата на проблемот е „воспитување на генерации со омраза кон Бугарија и Бугарите“.

„Со Република Северна Македонија се чини дека има нешто што не е доречено и завршено во последниве години, иако ова не е само во последниве години“, вели Захариева.

Захариева демантира дека Бугарија води дипломатска војна со Србија за превземање на влијанието во Скопје.

„Бугарија не води војна сигурно. Ниту со Република Северна Македонија ниту со Србија, ниту со кој било друг дел од светот. Но, не е тајна дека силното влијание на Белград со Скопје секако има тенденција кон српскиот јазик, српскиот бизнис и институции. Овој тренд не запре во последните 30 години и е така разбирливо. Но, целта на Бугарија не е да ги расипе нивните пријателски односи. Нека бидат пријатели. Ние само сакаме да имаат пријателски однос и со нас. Ајде сите да бидеме пријатели. Да бидеме поврзани, да градиме заедно. Не може да немаме железничка линија со Република Северна Македонија. Тие не можат да создаваат административни бариери за бугарските компании. Обидот Бугарија да се претстави како историскиреваншист на 19 век е крајно неприфатлив, бидејќи нашите проблеми се реални“,

 

Слични содржини