Само зборовите повеќе не се доволни, ние сакаме дела, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева на денешната заедничка прес-конференција по средбата со специјалниот пратеник за Бугарија за споровите меѓу Скопје и Софија, Владимир Бучковски.
Таа истакна дека продолжуваат разговорите за изнаоѓање решение за преостанатите билатерални прашања со С. Македонија, како и излез за патот на нашата земја кон преговарачката рамка за нејзино членство во ЕУ.
„Ова погрешно се нарекува вето, затоа што всушност е неодобрување на рамката за преговори. Ние сме во деликатна фаза од нашата врска. И обете страни сме разочарани, поради фактот што рамка за преговори не беше одобрена во овој момент“, додала Захариева.
Министерката повика на ставање крај на употребата на историската комисија за политички цели.