Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во интервју за германски „Ди Велт“ изјави дека Градоначалникот на Скопје, Петре Шилего, кој е сопартијец на премиерот Зоран Заев се уште го слави диктаторот Јосип Броз Тито. Но, тоа, според неа би било како градоначалникот на Берлин да ја слави смртта на Адолф Хитлер.
Таа посочи и дека Бугарија останува еден од најсилните поддржувачи на процесот на проширување – вклучително и за Република Северна Македонија, дека сака навистина конструктивни и сериозни дискусии меѓу двете земји но и да прекине омразата.
– Помеѓу 1 септември и 20 ноември изброивме 14699 негативни публикации за Бугарија во македонските медиуми и само четири неутрални. Во Бугарија, од друга страна, имаше 450 позитивни извештаи за Северна Македонија во медиумите во истиот период. Ова исто така покажува недостаток на плурализам. Тие беа исто така прилично брутални кон мене кога се осмелив да го искажам своето недоразбирање додека ја славеа четириесет годишнината од смртта на еден од најмрачните диктатори – Тито, кој уби околу 1,7 милиони луѓе во поранешна Југославија за помалку од десет години. И тие сè уште го слават. Градоначалникот на Скопје е партиски пријател на Заев. После тоа, јас веќе не бев толку популарна таму. Но, тоа би било како градоначалникот на Берлин да има идеја да ја прослави смртта на Хитлер, вели Захариева.